21 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.02.2024

Дневен хороскоп 21.02.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Денот не е добар за документи и судски прашања. Ве советуваме да ги одложите за наредната недела. Во љубовта ќе ви одговара малку да се дистанцирате од саканото лице.

Бик (21.04 – 21.05)

Имате чувство дека ви е многу тешко да се истакнете, Не се грижете, ќе дојдат и вашите пет минути. Во љубовта не ви се допаѓа ставот кој саканото лице го има кон вас. Можна е расправија.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекуваат помалку препирки или проблеми во комуникацијата со надредените. Тензијата меѓу вас и саканото лице е се потешка. Обидете се да го решите тоа пред проблемот да кулминира.

Рак (22.06 – 22.07)

Немојте да реагирате во афект, ниту да донесувате брзоплети одлуки. Дајте си на себе си повеќе време. Можно е да имате прилика да влезете во врска на далечина.

Лав (23.07 – 22.08)

Можни се големи проблеми на финансиски план. Не дозволувајте тоа да ве демотивира. Во љубовта ќе бидете љубоморни и тоа отворено ќе го покажувате.

Девица (23.08 – 22.09)

Ако имате било какви недоразбирања во врска со деловниот партнер сега ќе ги решите и најверојатно ќе јa прекинете соработката. Во љубовта препорака е добро да размислите пред да го повлечете следниот потег.

Вага (23.09 – 22.10)

Некој од соработниците или шефовите ќе врши огромен притисок врз вас. Време е да ги покажете забите. Во љубовта доколку ви се допаѓа личност родена во знакот на Бик, денес е идеален ден да и пријдете.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Неповолен ден за донесување на одлуки. Одложете ги состаноците за крајот на неделата. Делувате нервозно и несигурно, па саканото лице доаѓа до заклучок дека нешто не е во ред.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекуваат лоши вести поврзани за некои недвижнини или земјиште. Не се чувствувате сигурно и сакано покрај својот партнер. Во вашиот однос преовладува тензија.

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е да зажалите бидејќи сте откажале некоја деловна соработка. Не се грижете, наредниот период ќе биде многу погоден. Доколку ви се допаѓа некоја личност која е помлада од вас, ве очекува интересна комуникација.

Водолија (21.01 – 19.02)

Наглите промени на финансиски план прават да се чувствувате несигурно и незадоволно. Сметате дека саканото лице би требало да ве поддржува во се. Меѓутоа, реалноста е нешто друго.

Риби (20.02 – 20.03)

Престанете да се потпирате на среќата, кога станува збор за работата. Ве очекува драстична промена на љубовен план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП