2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАзија ja крева продажбата на Нестле

Азија ja крева продажбата на Нестле

nestle

Швајцарската групација за храна „Нестле“ забележа раст на продажбата од 4 отсто во деветте месеци од годинава или 68.4 милијарди швајцарски франци, соопштија од компанијата. Тоа главно се должи од азискиот пазар, каде што продажбата во првите девет месеци од 2013-та се зголемила за 6,9 отсто, во Америка таа се зголеми за 5,1 проценти, а во Европа – за само 0,9 отсто.

Во Азија и Африка сите производи на компанијата забележа раст, но највисок е кај пијалоците и детската храна.

На глобално ниво бизнисот на компанијата расте со 1,1 отсто на развиените пазари и со 8.8 проценти кај земјите во развој.

Растот во Северна Америка се должи главно на обемите на продажбата, додека во Латинска Америка – главно на ценовната политика, се наведува во анализата на компанијата.

Покрај слабата побарувачка и дефлацијата, во Европа сепак има сериозен раст на продадените количини. Ова главно се должи на пазарите на Велика Британија, Германија, Швајцарија и Австрија, посочуваат од компанијата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП