3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзведба на раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди на...

Изведба на раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди на 21 февруари во 20.00 часот

На 21 февруари со почеток во 20.00  часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.  

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска  и Франциско Хименес Руиз (Шпанија).

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП