2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW Z4 M40i“ од 2025-та доаѓа и со рачен менувач (ФОТО)

„BMW Z4 M40i“ од 2025-та доаѓа и со рачен менувач (ФОТО)

„BMW“ не се откажува од мануелниот менувач, па ќе го направи достапен во некои од овогодинешните модели.

Меѓу нив е и обновениот „BMW Z4 M40i 2025“, кој има шестстепен мануелен менувач и е развиен под кодното име „Handschalter“, што на германски значи „померување на рака“.

За овој модел беа специјално прилагодени сет од запчаници и осовини, а дополнително беа направени ревизии на рачката на менувачот и некои други делови од механизмот. Целта на компанијата е да им даде на возачите чувство на прецизна механичка врска со погонската група.

Изборот за шест-брзински мануелен менувач носи некои возбудливи подобрувања во перформансите, и механички и софтверски.

Што се однесува до погонската група, тука е 3.0-литарски мотор кој испорачува 382 ks и околу 500 Nm максимален вртежен момент.

„BMW Z4 M40i“ со рачен менувач оди од нула до „стотка“ за 4,2 секунди, нешто побавно од 3,9 секунди потребни за варијантата со осумстепен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП