13 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony укинува работни места во Франција

Sony укинува работни места во Франција

sonyy

Во рамките на продажбата на француската компанија „Сordon Еlectronics“, која е во тек, фабриката на „Sony“ во францускиот град Рибовиле, ќе се укинат 154 работни места до крајот на годината, соопшти раководството на фабриката.

Планираното отпуштање се однесува само на помошните услуги, логистиката, продажбата и администрацијата.

Раководството на „Sony“ во Франција потврди дека пред се ќе бидат земени во предвид барањата за заминување на доброволна база.

Претставниците на синдикатот објаснуваат дека преговорите за отпуштањата ќе бидат завршени за три месеци, отприлика до крајот на годината или најдоцна до почетокот на 2014-та година.

„Sony“ веќе неколку години се обидува да го повлече својот капитал од оваа фабрика. Првичниот план беше тоа да се случи во 2014-та, но од тоа се откажаа, па така јапонската компанија своите активности ги откажа во оваа француска фабрика за четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП