2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup забележа послаби резултати

Citigroup забележа послаби резултати

citigroup1

Американскиот банкарски гигант „Citigroup“ соопшти дека резултатите од третиот квартал потфрлиле во однос на очекувањата, поради неповолните пазарни услови.

„Citigroup“ во тие три месеци, заклучно со септември, оствари нето профит од 3,2 милијарди долари, во однос на 468 милиони од истиот период минатата година, додека заработката по акција е зголемена на еден долар од минатогодишните 15 центи, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите на „Citigroup“ истовремено се зголемени за 30 проценти на годишно ниво, на 17,9 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите од 18,7 милијарди долари. Во однос на вториот квартал, приходите се намалени за 13 проценти.

„Работевме реалитивно добро, со оглед на предизвиците во макроекономското опкружување. Иако многу фактори кои влијаат на нашите приходи не се под наша контрола, ние сепак можеме да ги контролираме нашите трошоци, и со задоволство можам да кажам дека сум задоволен од нашата дисциплина во трошењето“, изјави извршниот директор на банката, Мајкл Корбат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП