7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали „Duster“ и натаму ќе биде достапен „SUV“?

Дали „Duster“ и натаму ќе биде достапен „SUV“?

„Duster“, заедно со „Sandero“, е еден од продажните хитови на брендот „Dacia“, а се чини дека новата генерација на ова возило, трета по ред, ќе продолжи да ги привлекува европските клиенти во голем број.

Освен дизајнот, клучна ќе биде цената, а очигледно нема да има поголеми промени. Во Шпанија беа објавени првите информации за цените на новиот модел, а првичната верзија ќе биде само 340 евра поскапа од претходникот, односно ќе остане под 20.000 евра.

Со новиот „Duster“, дизелот повеќе не е достапен, а погонот 4×4 сега ќе се комбинира со 1,2-литарски бензински мотор од 130 ks. Како верзија со која ќе заштедите при возење, се наметнува хибридот во пакетот опрема „Extreme“, кој воедно е и најскапиот „Duster“ од новата генерација.

Значи, почетната верзија, која има вграден плински уред, па може да се вози и на течен гас, има 100 ks. Овој автомобил стартува во Шпанија со цена од 19.290 евра. Тоа е и единствената верзија под 20.000 евра.

На другиот крај од спектарот е споменатиот „Extreme Hybrid 140“ кој чини 27.790 евра. Сите други опции се движат по цена помеѓу овие две вредности.

Останува да видиме дали слични цени за новиот „Duster“ ќе има и во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП