26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрција богато ќе ги награди Литванците за триумф над БиХ!

Грција богато ќе ги награди Литванците за триумф над БиХ!

futbal

Фудбалската федерација на Грција на секој репрезентативец на Литванија ќе му подели по 50.000 евра доколку не загубат во пресметката со Босна и Херцеговина во последниот квалификациски натпревар за Мундијалот во 2014-та година.

Грците ќе им поделат на Литванците за победа над репрезентацијата на БиХ, која во случај на триумф на овој дуел ќе си го осигура првото место и пласманот во Бразил.

Атина ветила околу еден милиони евра премија и веќе „постигнала договор со канцеларијата во Вилнус“, што би било некаде околу десет отсто од парите што би ги добиле со самиот пласман на Мундијалот идното лето во Бразил.

Сепак, и покрај премиите, главен збор на теренот сепак ќе имаат фудбалерите, а БиХ моментно е најмалку две класи над Литванците, па играчите и не се оптоваруваат премногу со премирањето од противничкиот табор.

„Слушнавме за парите што Грците им ги понудиле на Литванците за да не спречат директно да одиме во Бразил. Но, нас тие приказни воопшто не интересираат. Тоа е легитимно право на Грците, но нема да им помогне. Нека бидат свесни дека БиХ ќе оди на СП“, вели Дарко Љубојевиќ, потпретседател на фудбалската федерација на БиХ.

Според последните информации Грција ќе ги награди Литванците и доколку одиграат нерешено, а тие успеат да ја совладаат селекцијата на Лихтејнштајн на домашен терен.

Репрезентациите на Босна и Грција имаат по 22 бода пред последниот натпревар во Групата Г. Избраниците на Сафет Сушиќ во случај на победа ќе се пласираат во Бразил поради тоа што имаат подобар скор во однос на Грција. Второпласираната, а во случајов Грција, би требало да игра бараж со некоја од репрезентациите кои исто така ќе бидат пласирани на второто место во групите.

Двата натпревари се во рамките на Групата Г и се играат денеска со почетокот во 19 часот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП