28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените во OKTA донираа по повод Светскиот Ден за борба против гладта

Вработените во OKTA донираа по повод Светскиот Ден за борба против гладта

OKTA_logo

По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, вработените од компанијата ОКТА доброволно ќе се откажат од своите купони за храна, и собраните средства ќе ги подарат на Црвениот Крст на Скопје, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за храна.

slika

Станува збор за хуманитарна акција која вработените на ОКТА ја реализираа две години по ред и полека станува традиција. „Активното учество на вработените во оваа акција претставува значаен придонес во напорите на OKTA за создавање на подобар свет. Големиот одзив на вработените е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица, како и дека  барем малку ќе ја ублажи потребата за храна и ќе им помогне на оние на кои ваквата помош им е најмногу потребна ” – изјави г. Деан Стојковски, претседател на Црвениот Крст на ОКТА.

okta

Според податоците на Државниот Завод за Статистика процентот на сиромашни во земјава изнесува 30,4%. Најранливи групи се повеќечлените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 48,5% од сиромашните живеат во домаќинства со 5 или повеќе членови.

Оваа донација е само една од активностите кои ги презема ОКТА и нејзините вработени за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории на луѓе. Како една од најголемите компании во земјава, ОКТА и понатаму значително ќе придонесува во локалната заедница и ќе остане посветена на поддршката кон заедницата, со посебен акцент на прашањата од образованието, здравјето и животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП