3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој пијалок ќе ви даде енергија за враме на празниците

Овој пијалок ќе ви даде енергија за враме на празниците

Освен радост и семејни дружења, божиќните празници носат и тешка храна и многу калории. Ова е често причината поради која често се чувствуваме тешки, троми и уморни по нив.

Масната храна нè прави бавни, а варењето и метаболизмот работат побавно. За да избегнете замор, испробајте го овој трик за детоксикација со сокови.

Сокот кој е богат со влакна и храна која го прочистува телото може да ве освежи и да ве поттикне да се движите. Ви пренесуваме едноставен рецепт кој ќе го олесни периодот околу празниците, пишува „Chatelaine“.

Состојки: 2 чаши кељ, 2 чаши спанаќ, 1/3 краставица, ½ јаболко, мало парче ѓумбир, 1 замрзната банана, сок од ½ лимон, 3 чаши вода.

Подготовка: Јаболкото, краставицата и ѓумбирот исечкајте ги на ситни парчиња кои полесно ќе се сомелат во соковник, па додајте ги сите останати состојки. Ако сокот е премногу горчлив, можете да додадете малку мед за да го засладите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП