19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКина е „златна кокошка“ за Starbucks

Кина е „златна кокошка“ за Starbucks

Josh Barrow

Компанијата „Starbucks“ во Кина соопштила дека најразличните трошоци довеле до различни цени на кафето, но треба да се нагласи дека во време на глобализација нема некои позначајни разлики во материјалните трошоци, а трошоцитe за работа во Кина се многу пониски отколку на европскиот или американскиот пазар.

Според зборовите на експертите, компанијата „Starbucks“ со цел одлучи да ги крене цените на своите производи во Кина, поради популаризација на својот бренд.

Кина дури во 80-тите почна да се отвора кон светот, кога странските производи се сметаа за подобри и поквалитетни, па цената за кинеските потрошувачи никогаш не била пресудна.

Во вториот квартал оваа година приходите на „Starbucks“ во Кина и азископацифичкото подрачје изнесувалe 213 милиони долари, за 22 проценти повеќе отколку во првиот квартал.

„Starbucks“ во Кина има 1.001 кафетерија, а до 2014 година Кина ќе стане вториот најголем пазар на светот, веднаш зад САД. Планирано е до 2015 година во Кина да бидат отворени 1.500 „Starbucks“ кафетерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП