2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Android“ телефоните конечно ја добиваат функцијата што корисниците ја посакуваа

„Android“ телефоните конечно ја добиваат функцијата што корисниците ја посакуваа

Веб-страницата „Android Authority“ објави информации за функција која во голема мера ќе го олесни следењето на здравјето на батеријата за корисниците на уреди со „Android“.

Според документот, кој го објави експертот за „Android“, Мишал Рахман, „Google“ би можел да почне да им нуди на корисниците известувања дека батеријата на нивниот уред е деградирана.

Корисниците на „Android“ моментално мора да прибегнуваат кон надворешни апликации или да користат специјални команди за да го проверат здравјето на батеријата, а за разлика од нив, „Apple“ веќе подолго време нуди статистика за здравјето на батеријата за „iPhone“.

„Android 14 QPR2 Beta 2“ има скриена апликација „Battery Health“, според Рахман. Иако сè уште не го активира мерачот за здравје на батеријата, шифрите покажуваат дека опцијата ќе прикажува информации како процентот на полнење на батеријата во споредба со времето кога батеријата била нова.

Откриени се и икони кои укажуваат на прикажување на намален капацитет на батеријата или неможност за читање на батеријата. Во делот „Settings“, се испраќаат совети кога има ажурирања за здравјето на батеријата (кога телефонот не може да ги прочита тие информации)

Сопствениците на телефони со „Android“ конечно би можеле да добијат официјална алатка за здравје на батеријата, во стандардниот дел на „Settings“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП