3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на нови автомобили ќе продолжи да расте во 2024-та

Продажбата на нови автомобили ќе продолжи да расте во 2024-та

Агенцијата за анализа „S&P Global Mobility“ предвидува значително зголемување на продажбата на нови автомобили на светскиот пазар. Според аналитичарите, во 2024-та година производителите на автомобили ќе можат да продадат 88,3 милиони нови автомобили, што е за 2,8% повеќе од оваа година.

Не помалку оптимистички се прогнозите за 2023-та година. Се очекува продажбата на патнички автомобили да порасне за 8,9% од 2022-ра година. Во нумеричка смисла, тоа изнесува околу 86 милиони нови автомобили.

Оваа оптимистичка прогноза се заснова на податоци за закрепнување на синџирите на производство и снабдување нарушени од ограничувањата на Ковид-19. Покрај тоа, побарувачката исто така добива на интензитет. Но, има и „негативни“ фактори – пораст на цените, тешки услови за кредитирање и зголемени стапки на електрификација.

Во исто време, „S&P Global Mobility“ ги негира гласините за пад на побарувачката за електрични возила. Агенцијата проценува дека нивната продажба ќе достигне 13,3 милиони единици во 2024-та година, што претставува приближно 16,2% од глобалниот пазар на патнички автомобили.

Според прогнозите, годинава ќе бидат продадени 9,6 милиони електрични возила или 12% од вкупната продажба. Оваа прогноза се заснова на фактот дека многу производители на автомобили се подготвени да се префрлат на автомобили „батериски“ во наредните години, иако ги препознаваат проблемите за проширување на производството на модели со пристапни цени.

И додека во Азија и Европа побарувачката за нови автомобили прогресивно расте, што се однесува до Северна Америка, сликата не е толку розова. Според пресметките на аналитичарите на „S&P Global Mobility“, во 2024-та година домашните компании ќе произведат 15,7 милиони автомобили со раст на производството од само 0,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП