
Овен (21.03 – 20.04)
Бидете внимателни и претпазливо повлекувајте ги следните чекори. Не им веувајте на сите од вашата околина, некој на повисока позиција ќе се обиде да ве измами. Во врската обидете се да внесете доза на мистичност.

Бик (21.04 – 21.05)
Вашата предност е во тоа што избегнувате стереотипи во деловното истражување. Вашите идеи звучат поинтересно од решенијата кои ги нудат соработниците. Саканото лице покажува некои нови позитивни импулси.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Премногу ги разгледувате и анализирате вашите деловни планови и интензивно размислувате за работите кои не ви се достапни. Не треба да се оптеретувате со различни критериуми. Во љубовта работите понекогаш изгледаат поинаку од првиот впечаток кој сте го добиле.

Рак (22.06 – 22.07)
Упорно ја одбивате помислата за прекин на некоја деловна соработка. Не сакате јавно да ги признаете вашите грешки. Во љубовта морате да го прифатите фактот дека немате исти интереси како и саканото лице.

Лав (23.07 – 22.08)
Се би било полесно кога не би постоела голема неизвесност на средбата со соработниците. Избегнувајте претерано предомислување во однесувањето. Во љубовта нема потреба да се наметнувате.

Девица (23.08 – 22.09)
Можен е мал судир со личност која е на повисока позиција од вас. Премногу го анализирате саканото лице. Во се му пронаоѓате маани. Обидете се да се опуштите малку.

Вага (23.09 – 22.10)
Доколку ви е важно да остварите деловен успех, бидете подготвени на заеднички компромиси. Личноста која ја сакате морате да ја разберете и тогаш кога греши. Нема потреба да се однесувате како судија.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Добро влијаете на позитивната атмосфера на работа. Само така продолжете. Мислите дека саканото лице не ве разбира доволно. Позборувајте поискрено за тоа.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Премногу зборувате а малку нешта ги спроведувате во дела. Престанете тоа да го правите. Имате чувство дека некои работи со саканото лице се повторуваат, како однапред изразена претстава.

Јарец (22.12 – 20.01)
Потсетете ги своите соработници на основните правила за професионално однесување и не дозволувајте за вас да се говори на погрешен начин. Смирете ги љубовните страсти, немојте да бидете нападни.

Водолија (21.01 – 19.02)
Потрудете се да не ги пренесувате приватните проблеми на работа. На средбата со саканото лице не можете само вие да ги диктирате сите љубовни правила. Не заборавајте дека е убаво само она што одговара на заедничкиот вкус и расположение.

Риби (20.02 – 20.03)
Избегнувајте ги ситуациите кои го надминуваат вашето знаење или практичното искуство. Не се истакнувајте баш секогаш. Немате причина наивно да верувате во сите ветувања на партнерот.