
Овен (21.03 – 20.04)
Не дозволувајте да се занесете па да ја преминете границата на коректен однос со потчинетите. Парите на сите им се важни, но на вас во моментов ви се приоритет. Ќе дојдете до пари, но немојте наеднаш да ги потрошите. Вљубеноста е најдобра инспирација за постигнување на успех, наскоро ќе се уверите во тоа.

Бик (21.04 – 21.05)
Вашиот обид да воспоставите убава комуникација со лицата кои ви се важни не е најдобро прифатен. Променете ја тактиката, бидете малку поостри. Почетокот на денот ви носи големи промени, а крајот на денот релаксација и уживање.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Работата не ви е на прво место бидејќи се наоѓате во фаза на зголемени љубовни потреби од лицето кое го сакате. Не дозволувајте некои неважни ситници да ве исфрлат од такт и не дозволувајте другите лесно да ве испровоцираат за било што.

Рак (22.06 – 22.07)
Промените кои ги очекувате можат да бидат и на деловен и на емотивен план. Од вас зависи дали ќе соберете сила да се движите напред или песимистите ќе ве држат сеуште до нив. Не им верувајте на ваквите советници, тргнете се од нив, ова е ваш живот.

Лав (23.07 – 22.08)
На работа одите со поголемо задоволство бидејќи можете да внесете некои нови идеи кои ви ја олеснуваат работата. Во почетокот сте биле оспорувани, но набрзо сте добиле пофалби за вашата работа. Ќе бидете вклучени во некој нов проект со голема компанија.

Девица (23.08 – 22.09)
Вашата промена на животната филозофија преку ноќ би можела некого да го остави без зборови. Сте започнале да се оптеретувате со ситници и детали и на сите да им наоѓате мани. Барем тоа така им делува на оние со кои живеете и работите. Обидете се да бидете опуштени и помалку загрижени.

Вага (23.09 – 22.10)
Доаѓа до застој бидејќи некој ви ветил нешто, а сега не се појавува. Тоа нема да ви се допдне и ќе бидете многу лути, но тогаш ќе сфатите дека единственото нешто што ви е сигурно е да се потпрете на себе. Ставете и крај на врскта која не ви се допаѓа, не молчете.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некој сомнеж се вовлекол во вас и како да барате аргументи против нешто што неодмна сте го прифатиле. Ова е минлива фаза која би требало да ја забрзате и да бидете поодговорни кога станува збор за работата и обврските. Во приватниот живот настапува мирен период.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Овој ден ќе имате многу работа и обврски, кои морате да ги завршите. Без оглед дали станува збор за деловни или приватни, вложете напор. Не намалувајте го темпото и трудете се да го дадете максимумот во извршувањето. На крајот ќе слушнете среќна вест.

Јарец (22.12 – 20.01)
За сите големи нешта е потребен труд. Денот е како создаден за убави и пријатни промени. Склони сте да реагирате бурно и брзо да избувнете и покрај тоа што нема да го постигнете посакуваниот ефект. Овој период е исклучително добар за остварување на емотивните желби.

Водолија (21.01 – 19.02)
Можни се мали несогласувања со оние со кои сте во бизнис. Се движите многу пред другите и сакате да примените некои нови идеи, кои се проверено добри. Имајте во предвид дака луѓето зборуваат за промени, но дека не ги сакаат поради стравот од нив. Набилдајте се со самодоверба.

Риби (20.02 – 20.03)
Ќе бидете поведри и порасположени, но трудете се емоциите да не ги расфрлате за работи и нешта кои не ви се важни. Не можете да ги исправите сите неправди на овој свет. Желбата да се покажете пред лицето кое ви се допаѓа ќе ви помогне да делувате моќно.