3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Adobe“ разочара со својата нова прогноза

„Adobe“ разочара со својата нова прогноза

„Adobe“ даде послаба прогноза за приходите од продажба за 2024-та година, разочарувајќи ги инвеститорите кои очекуваа новите генеративни алатки за вештачка интелигенција брзо да ги подобрат резултатите на софтверската компанија, објави „Bloomberg“.

Приходите ќе достигнат околу 21,4 милијарди долари во фискалната година што завршува во декември 2024-та година. Со исклучок на одредени ставки, заработката се очекува да биде 18 долари по акција. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 21,7 милијарди долари и заработка од 18 долари по акција.

Вол Стрит очекува „Adobe“ да биде првиот софтверски гигант кој ќе профитира од возбудата околу технологијата за генеративна вештачка интелигенција. Во последниве месеци, компанијата објави нова верзија на моделот „Firefly“ со вештачка интелигенција, ги зголеми цените на своите услуги и ја истакна технологијата за време на конференцијата за корисници во октомври. Компанијата го промовира значајното зголемување на продажбата на нивниот нов „Firefly“ на главните клиенти.

„Тој ентузијазам беше ублажен со годишната прогноза. Цената на акциите на компанијата падна за 6% во тргувањето по завршувањето на њујоршката сесија на 624,26 долари. Акцијата е зголемена за 85% од годината до денес, бидејќи „инвеститорите изгледаат многу удобно со способноста на „Adobe“ да ја монетизира генеративната вештачка интелигенција“, напиша аналитичарот на „Morgan Stanley“, Кит Вајс, пред резултатите.

Новиот годишен приход за единицата за дигитални медиуми на „Adobe“, која вклучува софтвери „Photoshop“ и „Illustrator“, се очекува да достигне 1,9 милијарди долари, соопшти компанијата. За споредба, просечната прогноза на аналитичарите беше за 2,02 милијарди долари. Јазот во предвидувањата е „очигледно разочарувачки“ и инвеститорите реагираат, напиша Кирк Матерн, аналитичар во „Evercore“.

Прогнозата „сугерира дека на компанијата ќе и треба повеќе време отколку што се очекуваше за да види позначајни придонеси од своите генеративни производи за вештачка интелигенција“, напиша аналитичарот на „Bloomberg Intelligence“, Анураг Рана.

Приходите на „Adobe“ за нејзиниот фискален четврти квартал се зголемија за 12% на 5,05 милијарди долари. Без одредени ставки, заработката достигна 4,27 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП