21 февруари, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.12.2023

Дневен хороскоп 11.12.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Размислувате за раскинување на врската или некој однос кој досега не вродил никаков плод. Не сакате повеќе ништо да трпите, а чувството на спреченост е состојба на тивко незадоволство. Конечно сте сфатиле од каде дува ветерот, проблемот сте го анализирале, па сега преостанува финалното пресметување.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе бидете преокупирани со планирања, со оглед на состојбата во која се наоѓате. Од многуте планови, воглавно ќе остварите само мал дел и тоа пред се од оние кои се поврзани со емотивниот живот. На работа ве очекуваат многу обврски, за кои изгледа не сте подготвени.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Повеќе внимание ќе им посветите на мотивите кои ве тераат на некои необјасниви работи. Ќе сфатите дека некои ваши постапки ги криете во минатото и ако сакате да продолжите понатаму ќе мора да расчиситите со тој дел на животот. Најдете дел од денот и поминете го сосема сами и размислете подлабоко.

Рак (22.06 – 22.07)

Функционирате растргани на повеќе страни. Морате да го завршите тоа што сте го започнале бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организациски способности кои денеска ви одат од рака. Денеска можете да реализирате идеални комуникации.

Лав (23.07 – 22.08)

Бидејќи многу сте се се забавувале и сте сватите дека таков стил на живеење не ви одговара, тргнувате во љубовно освојување и смирување. Тоа доста тешко ќе ви оди, затоа пак далеку поедноставно е слободните моменти да си ги поминете со некој кој навистина ви е важен. Отворено искажете го тоа и почнете да планирате подобри животни услови.

Девица (23.08 – 22.09)

На работното место ќе се најдете во ситуација која за вас ќе изгледа многу комплицирано, но не е така. Затоа немојте однапред да ја одбиете понудата. Вие сепак сте способни да извршите таков вид на работа, а имате и од кого да побарате совет. Премногу ќе бидете емотивни за да донесете важна одлука во вашиот љубовен живот.

Вага (23.09 – 22.10)

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни интимни моменти, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Презафатени сте со работа и обврски од статусна природа. Имагинацијата ви е зголемена, низ главата постојано ви се мотаат нови идеи. Сето тоа е прекрасно, но сепак постојат работи од кои можете да забегате настрана. Па затоа морате да приклучите и здрави резони.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Интензитетот на вашите општествени и љубовни активности ќе ви опадне. Ќе бидете склони кон повлекување и размислување за некоја цврста и стабилна љубовна врска во која наоѓате разбирање и длабоки емоции. Ќе ве измачуваат и некои недоверби во врска со вашите способности, а во тоа многу ќе ви помогне личноста која ве сака.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе комуницирате многу и повеќе ќе се занимавате со некои помали работи, но во финансиска смисла повеќе претставува загуба отколку добивка. Ве советуваме да бидете многу внимателни во работите поврзани со пари, бидејќи денес навистина ве пратат тешкотии. Опасноста за загуба ви се зголемува поради вашата невнимателност.

Водолија (21.01 – 19.02)

На работното место чувствувате дека некои работи не се одвиваат според предвидениот план и дека некој од соработниците има намера да ви наштети. Немојте да се плашите, стравот е само во вашата фантазија. Потребно е само да се однесувате малку поопуштено и така да ја олесните работата која ви претстои.

Риби (20.02 – 20.03)

Како по обичај идеалистички сте расположени и со тежнеење кон перфекција запаѓате во разни грешки. Нервниот систем трпи. Тоа е појако од вас, но има лек па побарајте го. Здраствените проблеми делумно се резултат на неадекватно однесување во семејството и лошите комуникации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП