9 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто најмногу се читаше на Википедија во 2023?

Што најмногу се читаше на Википедија во 2023?

Повеќејазичната интернет енциклопедија Википедија објави листа на 25 најгледани страници и наведе дека на првите три места се „ChatGPT“, „Oppenheimer“ и забава во Индија.

Списокот покажа зголемен интерес за иновациите, вештачката интелигенција, луѓето кои починаа оваа година, пренесува „CNN“.

Според податоците, Википедија, управувана од непрофитната фондација Викимедија, имала повеќе од 84 милијарди прегледи на страници досега во 2023-та година, од кои „ChatGPT“ е на прво место со 49,4 милиони прегледи.

„Јасно е дека луѓето сакаа подобро да ја разберат историјата и контекстот зад технологијата на „ChatGPT“ додека експериментираа со неа“, рече Ануша Аликан, директорка за комуникации во Фондацијата Викимедија.

Според извештаите, публиката во Индија и Југоисточна Азија имала големо влијание на списокот за 2023-та година, бидејќи една петтина од листата била составена од медиуми од тој регион и самата Индија.

Меѓу првите 25 страници, освен „ChatGPT“, кои беа прочитани во 2023-та година се: „Oppenheimer“, Светско првенство во крикет, индиска Премиер лига, индиски филмови Јаван и Патан, Тејлор Свифт, филм за Барби, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Премиер лига, Метју Пери, САД , Илон Маск.

На листата се и филмот Аватар, Индија, Лиза Мери Присли, Чувари на галаксијата, руска инвазија на Украина, Ендрју Тејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП