16 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.12.2023

Дневен хороскоп 07.12.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Оние кои се занимаваат со администрација ќе наидат на проблеми со средување на документи. Со сериозните разговори ќе успеете да ги расчистите недоразбирањата кои ве измачуваа последните денови. Вашата врска е јасна, цврста и сигурна како и секоја друга врска која се базира на искреноста.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главна причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сватите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа.

Рак (22.06 – 22.07)

Можно е денеска да влегувате во конфликти со околината. Ќе морате повеќе да се служите со зборови. Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Кај долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа. Во семејството ситуацијата е доста мирна благодарение на вашето однесување.

Девица (23.08 – 22.09)

Изградете поинакви односи со колегите со цел да ги исполните зацртаните цели. Во љубовта сте некако мрзеливи, нешто не ви е по волја. Мислите дека е доволно само да бидете покрај партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате доволно енергија и елан за да можете да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. На работен план ве очекува експанзија како и подршка од претпоставените, а исто така и со финансиската страна ќе бидете задоволни. Слободните ќе уживаат во дружењето со претставници од спротивниот пол, но и оние во врски нема да заостануваат во тоа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку сте на раководна позиција обидете се да ги задржите страстите под контрола. Партнерот има малку поголеми очекувања од вас. Обидете се да ги задоволите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Очекувате значителен паричен приход. Инвестирајте во нешто што одамна сте си го замислиле. Партнерот има огромна доверба во вас. Немојте да го изневерите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Не си дозволувајте да се спуштите на некое ниво кое воопшто не и прилега на вашата природа. Вашето живеење станува се подобро но внимавајте да останете на тоа ниво. Финансиската состојба особено ќе ве израдува.

Водолија (21.01 – 19.02)

Конечно ќе ви се исплати се што сте работеле во изминатиот период. Флертувате каде и да бидете. Уживате во вниманието. Внимавајте, можете да го повредите саканото лице.

Риби (20.02 – 20.03)

Многу убаво ќе се чуствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. Многу ќе ви користи движење и патување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП