2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook ја купи израелската компанија Onavo

Facebook ја купи израелската компанија Onavo

fb onavo

Комапнијата „Facebook“ стана сопственик на израелскиот „startup“, „Onavo“.

Полето на делување на компанијата „Onavo“ е „mobile data management“, a таа стои и зад апликациите како што е „Count“ со која го мери протокот на податоци на смартфонот, како и „Extend“ која овозможува заштеда намалувајќи ја количината на информации која ја превземате на вашиот телефон.

Во аквизицијата од страна на „Facebook“ се подразбира превземање и на технологијата и на вработените. Покрај тоа, седиштето на компанијата „Onavo“ во Тел Авив ќе стане првата израелска канцеларија на компанијата „Facebook“.

„„Onavo“ е возбудлив додаток на „Facebook“. Очекуваме нивната технологија за компресија на податоците да има клучна улога во нашата мисија што повеќе луѓе да поврземе на интернет, а нивните аналитички алатки ќе допринесат за подобри и поефикасни мобилни производи“, изјави портпаролот на „Facebook“.

Засега двете компании не ја соопштија цената на трансакцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП