3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ ВИСТИНСКИОТ МЕД? ТОЈ ИМА „МЕМОРИЈА“! Едноставен трик за...

КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ ВИСТИНСКИОТ МЕД? ТОЈ ИМА „МЕМОРИЈА“! Едноставен трик за повеќе да не ве лажат

Медот бил омилената храна на фараонот, исклучително здрава и богата со бројни хранливи материи. Медот е еден од најлековитите производи што ни доаѓа од природата. Се користи во козметиката, за нега на кожата, но и во медицината.

Истражувањата покажаа дека консумирањето мед само по две недели го намалува шеќерот во крвта за шест отсто, а холестеролот за седум отсто. Но, не само медот како таков во течна состојба, туку и неговите производи се исклучително корисни за нашето здравје. Особено во ова време кога на врата ни „чукаат“ постудените денови, а во воздухот царуваат вируси, настинки и грип. Медот е одличен сојузник и во зајакнувањето на имунитетот!

Затоа е важно кој ќе го купиме. Најголемата дилема со која се соочуваат корисниците е како да разликуваат вистински мед од лажен мед со додаден шеќер. Многу готвачи се согласуваат дека можете да го проверите квалитетот на природниот мед со помош на еден трик.

Се што ви треба е мед, чинија и вода. Како што тврди една мајка и домаќинка, медот има меморија. За што се работи? Природата е чудо, а медот всушност „памти“ како изгледал кога бил во кошницата. Проверете дали медот е вистински така што ќе го измешате медот со вода, а потоа ќе ја движите чинијата со кружни движења додека не ги видите промените во медот. Вистинскиот мед ќе формира саќе, додека лажниот мед нема!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП