9 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.11.2023

Дневен хороскоп 29.11.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку сметате дека туѓиот план не е доволно добар, направете свој. Пробајте ги двата плана, па дури тогаш донесете конечен заклучок. Споредувањето со други лица, негативно влијае на вашиот љубовен живот.

Бик (21.04 – 21.05)

Ако сакате да ги постигнете сите зацртани цели, ќе морате да поработите на организацијата. Непотребно се грижите поради однесувањето на саканото лице. Се е во добар ред, не му наоѓајте замерки.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Време е да се посветите на собирањето на контакти кои би можеле да ви помогнат да напредувате во кариерата. Слободните ќе имаат прилика да запознаат некое многу интересно лице.

Рак (22.06 – 22.07)

Време е да решите некое важно прашање, насочете ја вашата енергија кон тоа. Во љубовта одличен ден за планирање на патување со саканото лице.

Лав (23.07 – 22.08)

Имате чувство дека колегите и надредените ви смислиле некој план зад вашиот грб. Прашајте ги отворено за намерите, не дозволувајте никој да ве прави глупави. Во љубовта имате чувство дека партнерот има преголеми очекувања од вас.

Девица (23.08 – 22.09)

Конечно ќе добиете некоја многу важна информација поврзана со некоја личност. Бидете внимателни. Во љубовта се плашите дека саканото лице би можело да ве остави.

Вага (23.09 – 22.10)

Имате одлични идеи, но не знаете како да ги реализирате. Некој од семејството ќе ви даде одличен совет. Еден неочекуван романтичен повик пријатно ќе ве изненади.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате огромна потреба на луѓето од вашата околина да им објасните што и како треба да работат. Време е да оладите малку. Зафатените Шкорпии ги очекува пријатен ден со саканото лице.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Премногу е рано за конкретни промени на работа. Почекајте десетина дена, времето ќе ви биде од корист. Можни се мали кавги со саканото лице.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе реагирате поимпулсивно отколку вообичаено. Можно е да повредите некоја личност, ненамерно. Во љубовта не се возбудувајте за некои ситници.

Водолија (21.01 – 19.02)

Колегите ве опоменуваат дека е време да го промените своето однесување. Послушајте ги. Во љубовта нема потреба да го провоцирате партнерот.

Риби (20.02 – 20.03)

Поминувате многу време на работа и поради тоа ги запоставувате другите обврски. Партнерот има чувство дека не му посветувате многу време, и сосема е во право.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП