3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПродажбата на телефони конечно бележи раст по две години

Продажбата на телефони конечно бележи раст по две години

Пазарот на паметни телефони полека закрепнува по повеќе од две години пад и стагнација.

Во октомври, продажбата на паметни телефони на глобално ниво се зголеми за пет проценти на годишно ниво, за прв пат во последните 27 месеци, објави агенцијата за истражување на пазарот „Counterpoint“ од Хонг Конг.

„Лидерите за раст се пазарите во развој на Блискиот Исток и Африка, а растот беше поддржан и од враќањето на „Huawei“ во Кина и почетокот на сезоната на годишни одмори во Индија“, се вели во соопштението, пренесено од „CNBC“.

„Apple iPhone 15“ се појави на пазарот на крајот на септември, а првите продажни ефекти се почувствуваа во октомври.

Поразвиените пазари, каде што има заситеност во продажбата на мемориските телефони, бележат побавно закрепнување, додаваат од „Counterpoint“.

Врз основа на овие резултати, агенцијата очекува глобалниот пазар на паметни телефони да расте од година во година во четвртиот квартал од 2023-та година и постепено да закрепнува во текот на следните квартали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП