6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува од Русија, а не е ниту Москвич ниту Лада (ФОТО)

Пристигнува од Русија, а не е ниту Москвич ниту Лада (ФОТО)

Неговото име е „Rossa LM GT“ и тоа е попатна верзија на автомобилот што треба да се трка во „GT2“ и „GT3“ натпревари. Се планира автомобилот да биде финализиран до 2024-та година, а првите примероци на патната верзија би почнале да се испорачуваат по 2026-та година.

Зад проектот стои рускиот тркачки возач Роман Русинов, кој се натпреваруваше на 24 часа Ле Ман. Неговата цел е да развие автомобил компатибилен со „GT2“ и „GT3“ регулативите, за да може самиот да учествува на натпревари. Во моментов, негов најголем ривал е моделот „Maserati MC12“.

Во дизајнот на автомобилот учествуваа дизајнерите на непостоечката компанија „Marussia“, за чии автомобили многу се зборуваше на Запад.

Агресивно скроен, „Rossa LM GT“ е двосед, а покрај тркачкиот волан, има и модерно дизајнирана внатрешност во која не недостасуваат елементи важни за удобност при возењето, како кај секој класичен „GT“.

Од техничка страна, познато е дека основата на автомобилот е монококна шасија направена од композити со јаглеродни влакна. Под хаубата се претпоставува дека има атмосферски 5.2 V10, веројатно од непостоечкиот „Audi R8“ или „Lamborghini Huracan“.

Како што пренесува „Auto.ru“, почетната цена ќе биде околу 500.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП