
Овен (21.03 – 20.04)
Ве очекува генерално добра атмосфера во комуникацијата со соработниците. Можете да очекувате позитивен викенд. Во љубовта ви се допаѓа една личност со уметнички талент и склоност.

Бик (21.04 – 21.05)
Викендот не е претерано поволен за работа, можно е дека ќе имате непредвидени проблеми. Можни се мали несогласувања со брачниот партнер.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ве очекува подобрување на финансиската ситуација. Пред вас е прилика да дојдете до значајни поместувања на деловното поле. Во љубовта ви се допаѓа вашата слобода и не сте подготвени за некое ново врзување.

Рак (22.06 – 22.07)
Можете да очекувате мали несогласувања со колегите но не би требало да имате некои посериозни проблеми. Доколку ви се допаѓа некој кој е роден во знакот на Овен или Лав, ве очекува интересна средба викендов.

Лав (23.07 – 22.08)
Викендов е поволен за соработка со некоја личност родена во воздушен знак. Во љубовта доколку сте во брак, со саканото лице ќе имате многу добар однос.

Девица (23.08 – 22.09)
Ве очекува прилика да дојдете до подобра заработка. Можни се награди и бонуси за добро обавената работа. Во љубовта можно е да не сте сигурни што чувствате кон едно лице со кое сте влегле во некаков љубовен однос.

Вага (23.09 – 22.10)
Ќе имате среќа и некои работи конечно ќе ги решите во ваша корист. Можете да очекувате одлична состојба. Ве очекуваат многу интересни случувања со личноста која ве привлекува некое време.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекува викенд во кој нема да бидете оптеретени со деловните обврски. Пред вас е прилика да се опуштите и одморите. Во љубовта размислувате за тоа на кој начин да и пријдете на една личност која ви се допаѓа.

Стрелец (22.11 – 21.12)
На деловното поле може да ви се случи мал пад на концентрацијата но генерално не ве очекуваат проблеми на полето за работа. Во љубовта можете да очекувате силно поволен викенд за нови познанства.

Јарец (22.12 – 20.01)
Можно е да имате некои помали компликации или отежнувања поврзани за полето за работа во текот на викендов. Во љубовта доколку ви се допаѓа личност родена во знакот на Вага, пред вас е ден во кој ќе се зближите.

Водолија (21.01 – 19.02)
Максимално сте им посветени на обврските бидејќи сакате да оставите добар печаток на раководството. Ќе успеете да се докажете. Во љубовта можете да очекувате големи промени. Ви претстои убав период.

Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекува важно деловно патување на кое на некој начин ќе ги тестирате своите способности. Комуникацијата со партнерот е солидна, можно е наскоро да планирате и некои посериозни промени како заеднички живот.