
Овен (21.03 – 20.04)
Денес мора да бидете претпазливи и мудри. Во спротивно, можете да направите сериозна грешка која финансиски ќе се одрази на вас. Време е со партнерот да заборавите на кавгите.

Бик (21.04 – 21.05)
Нема потреба премногу да се експонирате на работа. Тоа нема да ги зголеми вашите заслуги. Во љубовта имате чувство дека сте погрешиле? Обидете се да му приредите нешто забавно на партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Поведете сметка за тоа како се однесувате на работа. Некој ве следи цело време и може да ви наштети. Во љубовта можеби ќе поминете низ тежок период. Можеби ќе биде потребно да се ослободите од партнерот.

Рак (22.06 – 22.07)
Често се преценувате себе си и своите можности. Доколку бидете реални, полесно ќе се носите со притисокот. Во љубовта сега е идеално време за смислување на љубовна стратегија или за приредување на романтично изненадување за саканото лице.

Лав (23.07 – 22.08)
Можете да очекувате зголемени обврски на работното место. Тоа вас воопшто нема да ве вознемири бидејќи прилично вешто се справувате со работата, но ќе ве вознемири партнерот кој ќе признае нешто што го сокрил од вас.

Девица (23.08 – 22.09)
Сакате да имате подобра деловна позиција, но не знаете на кој начин да го постигнете тоа. Инвестирајте пари во нешто паметно. Партнерот се сомнева во вас. Можно е да ве проверува и контролира.

Вага (23.09 – 22.10)
Премногу сте горди и не сакате да зборувате за проблемите кои ве оптеретуваат. Имате чувство дека партнерот полека се одалечува од вас. Соберете храброст и кажете му на саканото лице се што ви лежи на срце.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Имате чувство дека сте подобри од другите и дека ви претстои многу голем успех. Планетите не се на ваша страна денес, но наскоро ќе бидат. Во љубовта погрешно го тумачите однесувањето на партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Оптеретени сте со деловните планови и обврски. Одморете малку. Иако не сакате, се повеќе се одалечувате од партнерот. Потребно е да му дадете поголема поддршка, не заборавајте колку партнерот ви помогнал на вас.

Јарец (22.12 – 20.01)
Можна е кавга со личност која е хиерархиски над вас. Во љубовта се чини како да го губите почетниот залет. Работите ви стануваат тешки и досадни.

Водолија (21.01 – 19.02)
Снаодливи сте, а тоа ви носи сјајни резултати. Партнерот не исполнил нешто што одамна ви го ветил и вие ќе бидете лути за тоа. Избегнувајте бурни реакции во големо друштво.

Риби (20.02 – 20.03)
Деловните правила брзо се менуваат. Обидете да се прилагодите на тоа. За да ги остварите вашите намери во љубовта најпрвин потребна ви е искреност. Размислете дали сте подготвени за чекор нанапред.