7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛекарите наведоа неколку причини зошто жените живеат подолго од мажите

Лекарите наведоа неколку причини зошто жените живеат подолго од мажите

Жените имаат корист од естрогенот, но и помалку лошите навики, како и помалку ризичните спортови и работни места, како и почестите посети на лекар и, воопшто, поголема грижа за сопственото тело.

Според податоците на Евростат, разликата меѓу очекуваниот животен век на жените и мажите е околу 5,5 години во корист на жените, додека во САД разликата е малку повисока и изнесува приближно шест години (очекуваниот животен век за жените е 79 години, додека за мажи тоа е 73 години), а според лекарите постојат неколку причини зошто жените во целиот западен свет живеат подолго од мажите.

„Естрогенот ги одржува здравите крвни садови со тоа што предизвикува дилатација (проширување на крвните садови) и ја подобрува функцијата на ендотелијалните клетки“, рече Роберт Сегал, д-р, кардиолог и основач на кардиологија на Менхетен.

Како што изјавил докторот, „може да го подобри протокот на крв и да го намали ризикот од атеросклероза, која е главната причина за срцеви заболувања“, и додаде дека постои уште еден начин на кој овој репродуктивен хормон им помага на жените.

Естрогенот може да го подобри профилот на холестерол со намалување на нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол и зголемување на нивото на ХДЛ (добар) холестерол.

Лекарот исто така вели дека антиинфламаторните својства на естрогенот помагаат да се намали воспалението во крвните садови, што би можело да го намали ризикот од хронични кардиоваскуларни заболувања како што се коронарна срцева болест, срцев удар, мозочен удар и срцева слабост.

Да потсетиме дека кардиоваскуларните болести се првата и најчеста причина за смрт во повеќето западни земји.

„Друга причина зошто жените живеат подолго од мажите е тоа што не се впуштаат во ризично однесување толку често“, вели д-р Рохит Вупулури, кардиолог од Чикаго, кој забележува дека мажите почесто се впуштаат во „лоши“ навики како пушењето, пиење алкохол, употреба на дрога и лоша исхрана.

„Сите овие однесувања го зголемуваат ризикот од хронични болести како хипертензија, хиперлипидемија, дијабетес мелитус, хронична опструктивна белодробна болест, хронична бубрежна болест, цироза на црниот дроб и дебелина“, вели кардиологот, а сите овие хронични болести на крајот може да доведат до предвремено смрт.

Д-р Сегал смета дека мажите исто така имаат поголема веројатност да имаат опасни работни места, да возат повеќе непромислено и да преземаат повеќе ризици во спортот. Тоа може да доведе до несреќи и повреди, што може да им го скрати животот.

Редовното консумирање на поздрава и похранлива храна исто така може да ни помогне да живееме подолго, а според истражувањата жените посветуваат повеќе внимание на ова отколку мажите. Диететичарката Бланка Гарсија вели дека гледа повеќе жени кои купуваат намирници, планираат оброци и бараат помош од нутриционистите за да ги задоволат нивните нутриционистички потреби отколку мажите.

„Цврсто верувам дека исхраната и вежбањето играат важна улога во долговечноста на човекот, бидејќи подобриот избор на храна го одржува телото во рамнотежа, а вежбањето ги прави мускулите и коските посилни“, рече таа, додавајќи дека вежбањето и подобрата исхрана значат подобро здравје на срцето, контрола на тежината и општото здравје, благосостојба, се што може да ни го продолжи животот“, вели Гарсија.

Како што беше кажано, една студија од 2017 година на Американската академија за семејни лекари покажа дека жените се со поголема веројатност да одат на лекар.

„Мажите се многу поверојатно да ја отфрлат болката во градите и отежнато дишење како мали симптоми кои ќе исчезнат сами од себе отколку да побараат лекарска помош; и кога конечно ќе одат на лекар, резултатите од различните студии покажуваат дека помалку ги следат нивните упатства отколку жените“, објаснуваат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП