3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo сака да го преземе HTC

Lenovo сака да го преземе HTC

lenovohtc1

Освен на пазарот за лаптопи, „Lenovo“ бележи константен раст и на кинескиот пазар за смартфони. Сепак, смартфоните од оваа компанија сеуште не се достапни глобално, а во тој процес би можело да помогне преземањето на некоја компанија.

Затоа овој производител размислува за можноста за преземање на компанијата „HTC“. Претставниците на двете компании наводно се сретнале на таен состанок на крајот на август. Преземањето потенцијално би можело да биде корисно за двете компании, а конечниот резултат од преговорите, ако бидат успешни, се очекуваат на почетокот на следната година.

„HTC“ неодамна ја објави својата прва квартална загуба, а компанијата во текот на тој квартал забележа минус од 101 милион долари на приходите од 1,6 милијарди долари. Во однос на претходниот квартал, приходите беа намалени за 750 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП