2 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 11-12.11.2023

Викенд хороскоп 11-12.11.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате можност да се видите со некој кој доаѓа од странство. Верувате дека таа личност ќе ви помогне да ги решите вашите приватни проблеми. Ќе ви биде потребна поголема тактика за да се извлечете од проблемите. Не навлегувајте во непотребни расправии со воздушните знаци.

Бик (21.04 – 21.05)

Период на претпазливост. Многу работи можат да излезат од контрола, посебно кога е во прашање љубовта. Се уште лутате со паметот. Очекувате секој момент да налетате на принцот од бајките. Разумноста и приземноста ќе помогнат да се вратите на вистинскиот колосек.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Слободните ќе уживаат во моменталниот стил на живеење – многу средби, разговори, новини, озборувања. Можно е многу успешно кратко патување. Во сериозните врски доаѓа до заладување или затегнување на односите. Заборавете накратко на обврските и бидете пак млади и заљубени.

Рак (22.06 – 22.07)

Големите планови и идеи за кои веќе долго и срамежливо размислувате, полека се менуваат во нешто изводливо и достижно. Сепак сеуште не е дојден часот за да тргнете во реализација и да превземете конкретни чекори. Во меѓувреме позанимавајте се со она што ви го наметнуваат условите.

Лав (23.07 – 22.08)

Бодрејќи се себеси, ќе почувствувате замав на новиот тренд во, кој, главно, ќе бидат вклучени повеќе луѓе. Време е за ширење и делење информации. Советувајте се со блиските за ви го пренесат потребното искуство. За среќа, околината ве знае, па така знае и што може да очекува од вас.

Девица (23.08 – 22.09)

Гледајте се почесто со пријателите и забавувајте се повеќе. Што се однесува на љубовно поле, почнете да преземате иницијатива. Работите нема да ви паднат од небо ако само чекате. А оние кои се во врска, крајно време е да почнат да размислуваат како повторно да внесат живот во врската.

Вага (23.09 – 22.10)

Зголемениот број на обврски ќе ви го расипе викенд расположението. Ќе бидете склони кон нервоза, раздразливост, а добро би било повеќе да го користите мозокот и подобро да се организирате во работата. Во состојба сте да се исцрпувате на работното место и да работите за двајца.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендов планетите ќе ви донесат одредена нестабилност. Тоа ќе влијае и на вашите односи со партнерот или блиските, што може да доведе до несакани ситуации. Затоа, бидете внимателни кон оние што ви значат. Иако на работа не оди се како што посакувате, стрпете се малку и покажете повеќе почитување кон вашите работници и соработници.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате силна потреба да бидете со својот партнер. Барате големо внимание, но некако се чувствувате игнорирани. Ако не сте во врска, бидете храбри и направете го првиот чекор кон оној кој ви се допаѓа. На деловен план избегнувајте финансиски инвестиции.

Јарец (22.12 – 20.01)

Викендот одлично се рефлектира на овој знак, па затоа очекувајте некое пријатно изненадување. Верувате дека сте во прилика да се договорите со еден Бик, Близнаци или Рак за некој ангажман кој најверојатно ќе ве однесе на некој пат. Ќе добиете можност да ги покажете вашите таленти.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви се случуваат интересни работи, затоа и не ви е досадно. На моменти сте нервозни и подготвени да избувнете. Саканото лице најмногу влијае на вашето расположение. Периодот пред вас е добар ако ја вклучите имагинацијата, но не и за практични работи. На материјален план е можен застој.

Риби (20.02 – 20.03)

Наместо да бидете опколени со луѓе кои шират негативна енергија, оттргнете се од сите и останете во својот дом посветувајќи си време само на себе. Бидете што повеќе физички активни и со тоа ќе се чувствувате подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП