7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПливање 30 минути дневно за здрав и долг живот

Пливање 30 минути дневно за здрав и долг живот

За здрав живот во последниве години се зборува и пишува повеќе од кога било, а на многумина не им паѓа на памет дека постои едноставен, достапен, универзален и бесплатен еликсир на здравјето и долговечноста – пливање.

Според истражувањата на универзитетот во Индијана, кое било спроведено 30 дена на 3.000 испитаници од сите возрасти, пливањето се покажало благотворно за цел организам. Дури 92 отсто од пливачите пријавија подобрување на расположението и зголемување на енергијата, 63 проценти намалија на тежина, а забележан е напредок на речиси сите кои страдале од срцеви проблеми.

Овие резултати не се изненадувачки, ако се има предвид дека пливањето ги покренува мускулите на целото тело, без можност за повреда, а исто така, го ослободува хормонот на среќа. Пливањето ги зајакнува срцевите мускули, а токму со нивното зајакнување, го подобрува дишењето и телото добива повеќе кислород. Само 30 минути непрекинато пливање дневно е доволно за да се добие кондиција и издржливост, што значително го успорува процесот на стареење.

Пливањето позитивно влијае врз работата на хормоните, што е еден од главните фактори за здравјето, особено кај жените. Ако се земе во предвид фактот дека за половина час пливање трошите околу 320 калории, што е повеќе од одење или возење велосипед, јасно е колку овој спорт е добар за добра линија. А оптималната тежина е несомнено еден од условите, но и показател за добро здравје. Каде е доброто здравје, таму е и долгиот и продуктивен живот, а за негово достигнување пливањето е од најголема корист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП