2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА тврди дека Валенсија е најбрз!

ФИФА тврди дека Валенсија е најбрз!

valensija

Графиката која ја објави ФИФА го стави Антонио Валенсија на лидерската позиција кога е во прашање брзината на фудбалерите.

Експертите кои работат во Светската фудбалска федерација ја обелоденија графиката на која Антонио Валенсија го зазема првото место како најбрз фудбалер во светот.

Еквадорецот е прв на листата со брзина од 35.1 километри на час, а го следат Герет Бејл со 34.7 km/h и Арон Ленон со брзина од 33.8 km/h.

Интересно е дека Кристијано Роналдо го зазема дури четвртото место со брзина од 33.6 km/h, додека Лео Меси е шести со 32.5 km/h.

Меѓу првите десет се наоѓаат двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Барселона и Баерн, а меѓу најбрзите во своите редови имаат уште и Арсенал и Тотенхем.

valensija1

ФИФА листата на најбрзи фудбалери во светот:

1. Антонио Валенсија (Манчестер Јунајтед) – 35.1 km/h

2. Герет Бејл (Реал Мадрид) – 34.7 km/h

3. Арон Ленон (Тотенхем) – 33.8 km/h

4. Kристијано Роналдо (Реал Мадрид) – 33.6 km/h

5. Tео Волкот (Aрсенал) – 32.7 km/h

6. Лионел Меси (Барселона) – 32.5 km/h

7. Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) – 31.2 km/h

8. Франк Рибери (Баерн Минхен) – 30.7 km/h

9. Aријен Робен (Баерн Минхен) – 30.4 km/h

10. Алексис Санчез (Барселона) – 30.1 km/h

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП