25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic го запира производството на плазми

Panasonic го запира производството на плазми

People look at Panasonic Corp's Viera TV screens displayed in an electronics store in Tokyo

Јапонската компанија „Panasonic“ како дел од структурните реформи одлучи да престане да ги произведува плазма панелите за телевизори и други уреди од март 2014-та година.

Слабата продажба на телевизори со рамни екрани е главната причина за загубите на „Panasonic“, кои во последните две години достигнаа над 1.5 трилиони јени (15,5 милијарди долари).

Компанијата првично размислуваше да го намали производството за следната финансиска година (која завршува во март 2015-та година), но одлучи да го забрза процесот.

„Panasonic“ веќе престана да развива нови плазма телевизори, а во крајот на август оваа година одлучи и да го напушти пазарот на паметните телефони поради слабата популарност на нејзините производи во Јапонија.

Освен неуспесите на пазарите на телевизори и паметните телефони во последниве години „Panasonic“ трпи и финансиски проблеми.

Поради потешкотии во тековната година компанијата веќе продаде три згради во Токио, а најави продажба на седиштето во Њујорк и одлучи да ја напушти Њујоршката берза.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП