3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа листата на најдобри изуми е еден кој сè уште не постои...

На листата на најдобри изуми е еден кој сè уште не постои (ВИДЕО)

Едно технолошко достигнување е ставено на листата на најдобри пронајдоци за 2023-та година од страна на магазинот „Time“, а засега не е официјално објавен.

Станува збор за „AI-Pin“ од компанијата „Humane“, за кој засега не се знае многу, освен што е прикачен на гардероба со магнет и потоа се користи за различни функции од повикување до преведување.

Овој уред, кој официјално ќе биде претставен во ноември, доби поголемо внимание на јавноста пред половина година кога се одржа демонстрација на „TED“. Се најавува како „нов вид мобилен уред и платформа одеднаш“, и велат дека нема да биде врзан за телефон, па прашање е како ќе функционира.

„Humane“, во соработка со неколку поранешни вработени во „Apple“, го искористи превезот на мистеријата за да го објави својот уред како „револуционерен“.

Има голема конкуренција во областа на гаџетите со вештачка интелигенција, па го имаме, на пример, ланчето „Rewind Pendant“, неколку примери на паметни очила, а исто така се шпекулира дека шефот на компанијата „OpenAI“ работи на еден гаџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП