4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.10.2023

Дневен хороскоп 31.10.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Размислувате за прекин на соработката со некој деловен партнер бидејќи сметате дека повеќе не ги исполнува неопходните услови. Доколку се наоѓате во лош врска или брак, сега можеби е поволно време да донесете одлука за разделба.

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува ненадеен сплет на околностите во кој можете да остварите голема заработка. Во љубовта можете да очекувате многу интересни нови љубовни случувања. Ве очекува голема возбуда.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе имате многу деловни обврски, но тоа нема да ве мачи. Најмногу ќе се плашите од тензијата која владее во деловното опкружување. Немате доволно трпение кон партнерот, премногу избрзувате со заклучоците.

Рак (22.06 – 22.07)

Можеби ќе се решите да продадете некое земјиште или недвижнини со цел да ја подобрите финансиската ситуација. Во љубовта ве очекуваат напнатости со саканото лице. Можно е да сте го изгубиле чувството на сигурност кое го имавте.

Лав (23.07 – 22.08)

Можноста за деловни преговори е пред вас но вие имате трема. Важно е да поработите на својата сигурност. Во љубовта можни се мали кавги и препирки со саканото лице. Владее голема тензија и не знаете како да се изборите со тоа.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес кај вас ќе биде нагласена нервозата, па поради тоа лесно ќе правите нови грешки. Во љубовта следува прекин на емотивните врски исполнети со кавги. Денот ќе биде особено тежок и тензичен за машките припадници на овој знак.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекуваат големи пресврти. Доколку ризикувате премногу, би можеле да ги загубите сите свои адути. Потребна ви е сигурност и стабилност на емотивното поле, па затоа често се обидувате тоа да му го ставите на знаење на партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можеби ќе бидете нетрпеливи да ги видите резултатите од некој проект. Сепак не избрзувајте, за да не згрешите. Мечтаете на саканото лице да му кажете се што ви лежи на срцето, но никако да соберете доволно храброст за тоа.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекува прилика да го видите вистинкото лице на некој од вашите блиски соработници. Можно е да бидете изненадени. Оние кои се слободни ќе добијат искрено доверување од страна на лицето на кое му се допаѓаат.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ненадејно ќе добиете вести за некаква понуда да заминете во странство. Вие ќе бидете многу среќни поради тоа. Одвојувањето од саканото лице нема да ви биде лесно, но сепак ќе смислите начин како подоцна и тоа да ви се придружи.

Водолија (21.01 – 19.02)

Можно е во текот на денешниот ден да се решите да го напуштите своето работно место. Не се чувствувате добро во тоа опкружување. Во љубовта можна е отворена кавга со саканото лице, како и одалечување од него.

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да очекувате големи осцилации на полето на финансиите. Многу тешко ја остварувате стабилноста на ова поле. Во љубовта вашата љубомора и сомнежите ви го расипуваат односот со партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП