1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБензинци, дизели, EV: Кои автомобили трошат најмалку?

Бензинци, дизели, EV: Кои автомобили трошат најмалку?

Во текот на последните 20 години, „ADAC“ изврши 2.500 тестови во кои ја провери потрошувачката на речиси сите модели на пазарот.

Со својот екотест тие побараа одговор на прашањето колку одреден автомобил навистина ја загадува околината и колку се емисиите на „CO2“ во пракса.

Накратко, покрај „WLTP“ мерењето, овој екотест вклучува и возење по автопат, каде се следи како функционира системот за дотерување на издувните гасови. Исто така, тестовите се вршат во лабораториски услови.

По две децении, „ADAC“ одлучи да ги сумира своите тестови и да ги избере најдобрите и најлошите модели во одредени категории.

Модели со бензински мотор

Тука апсолутно доминира јапонскиот автомобил, поточно „Toyota“, која има хибриден погон чија потрошувачка се движеше од 4,1 l/100 km во „Prius“ од 2016-та до 4,8 l/100 km потрошени од претходната генерација на „Yaris“, исто така во хибридното издание. Друштво им прави малиот „Suzuki Celerio“ со 4,8 l/100 km.

Од другата страна на спектарот, најлошиот пример според „ADAC“ е „Chevrolet Camaro“. Опремен со 6,2 V8 мотор, моделот трошеше 12,4 l/100 km. Потоа, тука се „BMW M5“ (11,1 l/100 km), „Porsche Macan S“, „Ford Mustang“ 5.0 Ti-VCT и, нешто изненадувачки, „Kia Stinger“ 3.3 T-GDI V6 GT AWD.

Дизелите сѐ уште поекономични

Иако тука не доминираат јапонските марки, статусот на најекономичен оди кај јапонскиот модел, „Mazda 2“ со просек од 4,1 l/100 km. Во првите пет има уште три „деца“ („Hyundai i20“ 1.1 CRDi, „Peugeot 208“ BlueHDi 100, „Mazda 3“ SKYACTIV-D 105) и на крајот „Ford Fiesta“ 1.5 TDCi.

Меѓу дизелите кои најмногу трошат, на самиот врв е „Land Rover Defender 90“ со просечни 9,8 l/100 km. Сите други потрошиле значително помалку – „SsangYong Rexton“, „VW Amarok DoubleCab“, „Hyundai Staria“, „Audi SQ7“.

Кои се најдобрите електрични автомобили(EV)

И овде помалите автомобили трошат најмалку. „Tesla“ не е ни блиску, а според резултатите доминира „Hyundai“. Најдобар резултат е 14,7 kWh/100 km, а тоа е „Ioniq“ од 2017-та година. Сите понови модели на „Hyundai Ioniq“ трошат повеќе, а единствениот што им конкурира е малиот „VW e-up!“ со 16,7 kWh/100 km.

Од друга страна, во клубот на „најрасипниците“ се големи комбиња. „Mercedes-Benz EQV 300“ е лидер со просек од 30,9 kWh/100 km, а потоа следат „Citroen e-Spacetourer XL“, „Nissan e-hv200 Evalia“, „Mercedes-Benz EQC 400“, „Jaguar I-Pace EV400“.

Максималниот опсег на електрични модели драстично се промени со текот на годините. Така, во 2011-та година, малиот „Peugeot iOn“ надмина 95 километри, во 2015-та година просечниот домет на тестираните автомобили беше 149 километри, а во 2020-та година беше 285 километри. Годинава просечниот опсег на тестираните модели се искачи на 425 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП