5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.10.2023

Дневен хороскоп 30.10.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Вашиот строг и одговорен однос кон блиските почнува да ви се одразува. Тие сметаат дека вие немате потреба за нежност и така и се однесуваат кон вас. Време е да престанете со критиките и со копање во минатото. На тој начин го оддалечувате и партнерот и семејството. Доколку сте слободни, обидете се да бидете подостапни и избегнувајте ја преголемата сериозност во разговорите.

Бик (21.04 – 21.05)

Стабилноста која ја поседувате ги тера луѓето да ви веруваат и вашето мислење да го сметаат за релевантно. Денес ќе се обидете да влијаете на еден женски член од семејството, кој го цени вашето мислење, но сака да избега од вашето влијание и начинот на живот што се обидувате да му го наметнете. Доколку сте во брак или во сериозна врска, бидете внимателни и не дозволувајте некои тајни да излезат на виделина.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашата потреба да имате скапи и убави работи и да се расфрлате со нив во друштвото предизвикува сомнежи во вашата искреност. Меѓутоа вие отсекогаш сте имале префинет вкус, само што тоа било скриено и не сте имале потреба да им го наметнувате на останатите. Партнерот денес остро ќе реагира и ќе се обиде да ве приземји.

Рак (22.06 – 22.07)

Енергијата ви е насочена кон поставување на нови темели кои ќе ви овозможат подобра иднина. Иако сте на моменти избувливи и упорно ги браните своите ставови сепак не наликувате на себе. Имате сосема други приоритети од вообичаените и членовите на семејството ги поставувате на прво место. Денес може да дојдете во конфликт со еден пријател кој ќе каже нешто што ќе ја наруши вашата самодоверба.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе осетите потреба да се забавувате и да внесете доза на оптимизам во комуникацијата со луѓето што ве опкружуваат. Меѓутоа, во попладневните часови повторно ќе се вратите на старите размислувања и потребата да им угодувате на домашните и да се жртвувате за нив. Се однесувате таинствено и имате потреба да ги скриете своите размислувања од пријателите и од блиските.

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку сте слободни и осамени, денес ќе сретнете личност која со својот оптимизам и со способноста за комуникација ќе ве освои. Не играјте игри какви што знаете само за да си ја задоволите суетата. Ваква шанса не се пропушта. Денес ќе добиете последна шанса да ја унапредите и работата.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе бидете насочени кон семејните финансии и ќе се обидете да спроведете еден амбициозен план со кој работите ќе ги поставите на свое место. Иако планот е многу логичен и мора да успее, сепак бидете внимателни кога ги вмешувате членовите на семејството. Тие воопшто немаат желба да соработуваат и убедувањето со нив може да ви ја одземе енергијата.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку очекувате напредување во фирмата во која работите, денес ќе биде вистински ден за тоа. Можеби веќе долго ја чекате својата шанса и со вашиот труд сте докажале дека заслужувате, сепак ќе бидете изненадени и восхитени. Бидете внимателни со трошоците и не правете долгови. Освен што ќе треба да работите напорно за да ги вратите, можат да ви направат голем стрес. Партнерските односи ви се напнати но ќе ги подобрите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес концентрирајте се на сите договори и преговори кои сте ги направиле во изминатиот месец. Може да се случи во нив да ја пронајдете долгоочекуваната шанса. Се што работите проверете го повеќе пати и не дозволувајте да ви се случи некоја грешка која ќе ви ги намали шансите. Доколку сте во сериозна врска, почнувате да размислувате за брак и тоа по малку ве плаши, но и ве радува. Ако сте осамени, денес е можно да сретнете една личност родена во воздушен знак.

Јарец (22.12 – 20.01)

Вие сте навикнати на промени и ви требаат паузи за одмор, но не ви требаат и финансиски паузи. За ваша жал, токму тоа ќе ви се случува денес и во наредните неколку дена. Бидете внимателни на работното место и не наседнувајте на провокации. Еден од колегите се обидува да си поигра со вашето трпение.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ситуацијата на работното место е чудна и чувствувате дека не припаѓате во таа средина. Меѓутоа, во моментов немате алтернатива и поради тоа морате да бидете трпеливи. Бидете внимателни со финансиите и не дозволувајте да позајмувате пари од колегите. Освен што ќе ве озборуваат, може и да ви направат притисок да ги вратите пред предвидениот рок. Атмосферата помеѓу вас и партнерот е напната и морате да вложите многу голем труд .

Риби (20.02 – 20.03)

Трудот што го вложувате воопшто не е во согласност со резултатите што ги добивате. Затоа е најдобро, ако сте во можност, да земете подолг одмор и да си се посветите себеси и на своите хедонистички потреби. Денес е можно да склучите еден договор кој може да ви донесе многу трошоци и малку заработувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП