14 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВтората сезона на хит трилер серијата „Yellowjackets“ достапна на SkyShowtime од 28...

Втората сезона на хит трилер серијата „Yellowjackets“ достапна на SkyShowtime од 28 октомври

Втората сезона на оригиналната серија на SHOWTIME® номинирана за Emmy® награда премиерно ќе започне да се прикажува на стриминг платформата SkyShowtime од оваа сабота.

Сезона 1 има редок резултат на „Rotten Tomatoes“ од 100% и доби седум номинации за „Еми“®.
Со почеток од 28 октомври, фановите на оваа критички призната и возбудлива серија ќе можат да ги следат случувањата и судбините на омилените ликови и во втората сезона. „Yellowjackets“ Сезона 2 ќе биде достапна за стримување во Македонија од овој викенд, а нови епизоди ќе пристигнуваат на SkyShowtime секоја наредна недела.

Во „Yellowjackets“, која е создадена од Ешли Лил и Барт Никерсон („Narcos“), играат кандидатката за „Еми“® и добитничката на наградата од критичарите Мелани Лински („Castle Rock“), кандидатката за „Оскар“® и „Еми“® Џулиет Луис („Camping“), кандидатката за „Еми“® Кристина Ричи („Z: The Beginning of Everything“) и Тони Сајпрес („Unforgettable“).

Подеднакво епопеја за преживувањето, психолошки трилер и драма за созревањето, „Yellowjackets“ е сага за еден тим многу талентирани средношколки фудбалерки кои за (не)среќа преживуваат пад на авион длабоко во далечната дивина на северот. Серијата го прикажува нивниот пад од еден комлициран, но успешен тим до ѕверски кланови, како и нивните животи што се обидуваат да ги состават речиси 25 години подоцна, што покажува дека минатото никогаш не е вистински минато и дека тоа што започнало во дивината е далеку од завршено.

Во сезона 2 играат: Лорен Амброс („Six Feet Under“, „Servant“) и Симон Кесел („Obi-Wan Kenobi“), заедно со Илајџа Вуд (трилогијата „The Lord of the Rings“) меѓу долгата листа гости. Во сезона 2 играат и Софи Нелис („The Book Thief“), Џасмин Савој Браун („The Leftovers“), Софи Тачер („Prospect“), Саманта Ханрати („Shameless“), Кортни Итон („Mad Max: Fury Road“), Лив Хјусон („Santa Clarita Diet“), Стивен Кругер („The Originals“), Ворен Кол („Shades of Blue“) и Кевин Алвес („Locke & Key“). „Yellowjackets“ ја дистрибуира интернационално Paramount Global Content Distribution.

Услугата SkyShowtime им е достапна директно на корисниците преку апликацијата SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, уредите на Android, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку веб-страницата: www.skyshowtime.com. Месечната цена на SkyShowtime е 5,99 еур (без реклами), со седумдневен бесплатен пробен период – откажи во секое време.

Гледај го трејлерот тука: https://youtu.be/i-lCCktS_xM?si=65gfj_6aPHaxoyN9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП