9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМастер Гаспром, нова компанија на пазарот со гас

Мастер Гаспром, нова компанија на пазарот со гас

nnmm

Мастер Гаспром, македонска компанија со украински партнер од следната недела официјално влегува на македонскиот пазар со гас.

Компанијата веќе доби лиценца од Регулаторната комисија за енергетика и достави банкарска гаранција од 50 милиони евра. Од компанијата најавуваат дека на македонските потрошувачи ќе им понудат конкурентна цена и континуитет во испораката на гас.

– Предноста на нашата компанија е што имаме можности да понудиме подобри услови од останатите компании во Македонија поради партнерските односи со украинската фирма која има големо искуство на украинскиот пазар со гас.

Имаме склучено директен договор со Газпром, а и мрежата за дистрибуција ќе ни овозможи непречено и континуирано снабдување со гас, тврдат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП