18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.10.2023

Дневен хороскоп 20.10.2023

Овен (21.03 – 20.04)

Немојте да се нервирате поради работата, туку правете така како што мислите дека е најдобро. На крајот на овој месец некои работи ќе се поместат, работи кои досега биле закочени, ограничени, оние поради кои сте биле незадоволни. Комуницирајте со колегите, на тој начин и тие ќе ви помогнат.

Бик (21.04 – 21.05)

Пасивните Бикови полесно ќе го преживеат овој неповолен период кој доаѓа. Напнатоста постапно ќе ви се зголемува. Неповолните аспекти на планетите ќе ви донесат тешкотии во некои работи. Ве очекуваат и непријателства кои можат сериозно да ја загрозат вашата позиција. Избегнувајте кавги бидејќи секоја конфротација може негативно да делува врз вас.

Близнаци (22.05 – 22.06)

На работното место вообичаена атмосфера. Близнаците кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и ситуацијата да ја прикажувате во розова боја може да биде многу штетна врз вашата љубов.

Рак (22.06 – 22.07)

Ако сакате да бидете кооперативни докажете го тоа најдобро што знаете. Дружете се со оние кои не ви посакуваат секогаш најдобро или гледаат свој интерес во работата со вас. Прашањето за парите, маркетингот, пласирањето на вашите идеи не се наоѓа кај вашите блиски туку кај оние кои погрубо постапуваат со вас. Се трудите да бидете први во се, но тоа не ви оди лесно.

Лав (23.07 – 22.08)

Денот би можел да биде многу напорен ако не сте подготвени за отстапки кон некоја Девица, Близнаци или Водолија. Имате впечаток дека сте доведени во ситуација од која нема излез. Можеби сте лути на некој од вашата околина но имате погрешен став кон многумина. Никој нема ништо против вас.

Девица (23.08 – 22.09)

Вашата ситуација е делумно добра, бидејќи примате добри аспекти од планетите, па сите работи поврзани со комуникации одлично ќе ви напредуваат. Ќе имате прилика да направите и некои финансиски договори. Ќе се чуствувате среќно работејќи ги работните задачи кои ви претставуваат задоволство.

Вага (23.09 – 22.10)

Застојот на акциите или очекувањето на нешто за вас посебно важно, ќе го намали интересот за приватност. Во љубовта очекувате од партнерот да ги подели вашите сонови и планови, а нагласеното дружење со пријателите ветува добар провод и забава. Ќе доживеете некакво пријатно искуство.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ситуацијата ви се подобрува. Ќе имате се повеќе енергија, па ќе постигнувате подобра концентрација и успех во потешките работи. Вашата позиција е стабилна иако не е постојано пријатна. Комуникациите ви се нешто подобри, но сеуште се можни повремени недоразбирања со претпоставените.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Одлично се чувствувате за било каков почеток, во деловните или приватните сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денес навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ви се стабилни.

Јарец (22.12 – 20.01)

Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Во овој момент ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен ден. Започнете со усовршување на знаењето.

Водолија (21.01 – 19.02)

Добриот аспект помеѓу Месечината и Плутон поволно се одразува на вашите финансии и на можноста за склучување на договор со странци. Подготвени сте со некој да преговарате и да направите компромис. Многу сте практични и не сакате да ги пропуштите добрите шанси инсистирајќи на нешто што не е во ваш интерес.

Риби (20.02 – 20.03)

Одличен ден и работите се подобро ви напредуваат. Комуникациите ќе ви бидат се поуспешни и ќе бидете опкружени со многу луѓе. Добро ви се аспектирани и односите со претпоставените, па затоа денот е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП