Научниците мапираа речиси 200 милијарди мозочни клетки, вклучувајќи повеќе од 86 милијарди неврони и уште 100 милијарди клетки од различни типови, објави Американскиот институт за здравје во студијата во која беа вклучени десетици истражувачки центри ширум светот.
“The Brain Initiative” е започната во 2013 година со цел подобро да се разбере функционирањето на човечкиот мозок и да се дадат одговори на основните прашања, што нè прави луѓе и како да го олесниме развојот на нови терапии за борба против болести како Алцхајмеровата болест, пренесува АНСА.

