6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВистинското лице на шеќерот

Вистинското лице на шеќерот

S

Освен слатката, шеќерот има и мрачна страна која малкумина ја познаваат. Според експертите, шеќерот го загадува нашиот организам, а луѓето не сe свесни во колкава количина всушност го консумираат, пренесува „mindbodygreen.com“.

1. Возрасните просечно консумираат 22 лажици шеќер, додека децата неверојатни 32. Докторите предупредуваат дека жените во просек не би требале да консумираат повеќе од 6, додека мажите 9 лажици.

2. Рафинираниот шеќер е поврзан со низа здравствени проблеми како несоница, вртоглавица, алергија, депресија, губење на косата, иритација на кожата, расипување на забите, дебелина, дијабетес тип 2, рак на дебелото црево и панкреасот.

3. Шеќерот предизвикува зависност, во организмот ослободува супстанција што наликува на опијат и го активира делот на мозокот задолжен за чувството на надоградување и уживање.

4. Консумирањето на рафиниран шеќер го одзема витамионт Б во организмот. Недостатокот од витамин Б предизвикува симптоми како што се силно срцебиење, хроничен умор, параноја, анксиозност, несоница, проблеми со концентрација и желба за слатко.

5. Поголемиот дел од преработената храна како кечапот, хамбургерот, путерот од кикирики, помфритот, сосовите за тестенини и мајонезот содржат скриен шеќер.

6. Рафинираниот шеќер нема нутритивна вредност, не содржи ниту витамини, минерали, ензими, масти и влакна, бидејќи сето тоа се губи во текот на обработката.

7. На кој начин рафинираниот шеќер влијае на телото?

Шеќерот го прави дигестивниот состав кисел, ги раствора витамините и минералите во телото, особено калциумот неопходен за коските и забите. Ги ослабнува имуниот систем, функционирањето на црниот дроб, го отежнува протокот на крвта, го забрзува стреењето, ги истакнува брчките и сувата кожа.

Ако се престане со внесување на рафинираниот шеќер преку исхраната, може да се појави повлекување на симптомите како умор, депресија, главоболка и болки во екстремитетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП