30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали ги знаете сите придобивки од циметот?

Дали ги знаете сите придобивки од циметот?

Еден од најстарите зачини во светот е лесно достапен и најчесто го поврзуваме со детството и бабините пити со јаболко, како и со мирисот на празниците.

Но, лековитите својства на циметот како одлични во лекувањето на инфекции, срцеви заболувања, дигестивниот тракт и дијабетес ја оправдуваат неговата вредност, која некогаш била поскапа од златото.

За подобро функционирање на мозокот неодамнешните истражувања потврдија дека мирисот на цимет или неговиот вкус ја стимулира активноста на мозокот и помага за подобра концентрација, визуелна меморија и брзина на реакција.

Доволно е да го освежите работниот простор со мирис на етерично масло од цимет или да пиете чај зачинет со свежо рендано стапче цимет додека работите.

За дигестивниот систем: Циметот е одличен извор на микроелементот манган и многу добар извор на диетални влакна, железо и калциум. Комбинацијата на калциум и влакна благотворно делува на варењето бидејќи нивната комбинација се врзува за жолчните соли и помага за нивно излачување од телото. На овој начин тие штитат од рак на дебелото црево и одржуваат соодветно ниво на холестерол.

Половина лажица цимет во прав со две лажици мед е смеса која треба да се консумира пред оброк бидејќи ја намалува киселоста и помага во варењето на мрсната храна.

За зајакнување на косата: Антиоксидансите, кои сочинуваат најголем процент на активни состојки во циметот, се покажаа како одлични во обновувањето на косата и негувањето на скалпот. Затоа, неговата употреба се препорачува за интензивно опаѓање и за зајакнување на косата.

Во врелото маслиново масло измешајте една голема лажица мед и една мала лажица цимет. Почекајте смесата да се излади и втријте ја во коренот на косата и оставете да делува десет минути, а потоа исплакнете. Повторете ја постапката два пати неделно.

За отстранување на лошиот здив: Благодарение на неговите антибактериски својства, циметот е одличен за инфекции на усната шуплина, кои се честа причина за лош здив. Подгответе по еден децилитар топла вода и измешајте по една лажичка мед и цимет. За да се ослободите од лошиот здив, секое утро исплакнете го грлото со подготвената смеса неколку минути.

За слабеење: Секојдневното консумирање цимет го спречува таложењето на маснотии во организмот, освен тоа, антиоксидансите од циметот го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат потребата за јаглехидрати. Половина час пред појадок на празен стомак и навечер пред спиење, се препорачува да се пие мешавина од две лажици мед и една лажичка цимет во прав сварени во една шолја вода.

За лечење на инфекции: Циметот има неверојатно дејство на габични инфекции, кои во најголем број случаи се отпорни на лекови. Содржи две активни супстанции, еугенол и цинамалдехид, кои имаат силно антигабично дејство, со што се покажаа како ефикасни против бактеријата ешерихија коли.

Во тенџере се ставаат четири чаши вода да се варат, се додаваат осум стапчиња цимет и се варат десет минути. Тргнете го од шпоретот и оставете го циметот да отстои еден час, извадете ги стапчињата и пијте по неколку голтки од напитокот повремено во текот на денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП