2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри симптоми кои укажуваат на рак на тестисите

Три симптоми кои укажуваат на рак на тестисите

Ракот на тестисите во повеќето случаи се јавува кај помлади мажи, обично пред 50-тата година од животот.

Во споредба со другите видови на рак, прогнозата е многу добра. Истражувањата покажуваат дека петгодишното преживување се проценува на околу 95 проценти.

Лекарите предупредуваат дека е многу важно редовно да се прегледуваат тестисите и да се реагира на првите забележани промени. Имено, лекувањето на ракот на тестисите откриен во рана фаза, па дури и отстранувањето на еден тестис, обично не влијае на сексуалниот живот или плодноста и буквално може да спаси живот. Но, како да препознаете дека некое лице има рак на тестисите?

Наводно, постојат три симптоми кои можат да укажуваат на тоа дека мажот има ваков тип на рак. Тоа се оток или грутка на тестисот, но и каква било промена во обликот или текстурата на самиот тестис. Важно е да се нагласи дека овие појави генерално не се болни.

Покрај овие симптоми, кои најлесно се забележуваат со редовен самопреглед, други предупредувачки знаци вклучуваат болна ејакулација и болка во трупот, долниот дел на стомакот, препоните или долниот дел на грбот. Споменатите симптоми најчесто укажуваат на напредна фаза на рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП