2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Ultimate Design“ е новиот бренд на „Huawei“ за премиум смартфони

„Ultimate Design“ е новиот бренд на „Huawei“ за премиум смартфони

Брендот „Ultimate Design“ на „Huawei“ ќе претстави ултра-високи уреди и треба да ја надмине сегашната понуда на водечките серии на телефони. Овој потег доаѓа кога технолошкиот гигант се обидува да го оживее својот бизнис по ограничувањата од американските власти во последните три години.

Еден од извршните директори на „Huawei“, Ју Ченгдонг, на претставувањето во Шенжен рече дека компанијата се трка со времето кога станува збор за производството на паметни телефони од серијата „Mate“.

Телефоните од серијата „Mate 60“ беа топло примени од кинеските потрошувачи, а за да го одбележи лансирањето на брендот, компанијата го лансираше „Huawei Mate 60 RS Ultimate Design“.

Новиот бренд „Huawei“ ќе ги покрива премиум сегментите на паметни телефони и компанијата ќе користи премиум материјали, модерен дизајн и моќни спецификации на нив. Како што тврди компанијата, новиот бренд ќе биде врв на естетиката, изработката со врвен квалитет и екстремната иновација, пишува „HuaweiCentral“.

Некои други уреди, исто така, ќе потпаднат под истиот бренд, бидејќи гигантот го додаде „Huawei Watch Ultimate Gold Edition“ под својот чадор. Ваквите уреди претходно беа претставени како „Porsche Design“, но сега компанијата официјално објави дека воспоставува сопствена ултра-премиум линија на паметни телефони.

Затоа, специјалните верзии на врвни уреди пристигнуваат во малку изменета форма, со поскапи компоненти, кои покрај премиум функциите доаѓаат и со многу повисоки цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП