4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКина е сè подоминантна во автомобилската индустрија

Кина е сè подоминантна во автомобилската индустрија

Германскиот увоз на кинески возила и делови порасна за 75 отсто во првата половина од тековната година, додека извозот ослабе, што сигнализира зголемен притисок од азиската конкуренција на домашниот пазар на европскиот гигант, покажа истражувањето на институтот IW.

Неколку кинески брендови влегоа на германскиот пазар оваа година, соопшти институтот, додавајќи дека во Германија сега се продаваат вкупно осум. Нивниот удел во продажбата е сè уште скромен и изнесува 1,5 отсто, пренесува Seebiz.

Растот на увозот во првата половина од годината беше поттикнат и од автомобилите произведени во Кина од странски компании, вклучувајќи го и BMW со својот електричен модел iX3. Истражувањето на германскиот институт покажува дека извозот на возила и делови во Кина истовремено паднал за 21 отсто и претставува три четвртини од вкупниот пад на германскиот извоз во Кина.

Авторите на студијата наведуваат дека бизнис моделот кој претходно го поддржуваше производството на висококвалитетни возила во Германија е под зголемен притисок. Според нив, германските производители со години брзо го префрлаат производството во Кина.

Пошироката слика покажува дека возилата се повеќе се азиски производи, па така минатата година возилата произведени во азиските земји учествуваа со речиси 60 отсто од светското производство. Во 2000 година нивниот удел беше околу 31 отсто. Европа го губи своето значење во автомобилскиот сектор, а позицијата меѓу првите 10 светски производители ја задржаа Германија и Шпанија, а од таа листа испаднаа Франција, Велика Британија и Италија.

Извесен период Германија важеше за слаба алка во напорите на Западот да се отцепи од Кина, со оглед на силните деловни врски на Берлин со азиската суперсила, која во 2016 година стана најголемиот трговски партнер на Кина. Германија во првата половина од тековната година го намали увозот од Кина за 17 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП