Овен (21.03 – 20.04)
Имате добра репутација помеѓу колегите и претпоставените. Денес може да добиете шанса да разговарате со некоја важна личност која е многу битна за вашата кариера. Бидете внимателни со парите. Вие не сте трошаџија, ама семејството секојдневно ги зголемува потребите. Можен е краток пат со саканата личност.
Бик (21.04 – 21.05)
Ако сте невработени, денес може да добиете убава вест за работа која ќе се реализира во текот на следниот месец. Партнерот е љубоморен. Не ја префрлајте вината само на него и вие имате свој придонес во тоа. Слободните може да дојдат во ситуација повторно да се расправаат со бившите партнери.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Средете си ги мислите и почнете да размислувате позитивно. Ако не го смените ставот кон работата и односот кон колегите, може да се случат многу непријатни ситуации во иднина. Доколку сте во подолга врска или брак, ќе добиете шанса повторно да ги средите односите со саканата личност.
Рак (22.06 – 22.07)
Доколку имате бизнис во кој е вклучен уште еден партнер, денес имате шанса да склучите многу поволен договор. Вие имате проблеми со исполнувањето на роковите и затоа ќе морате да му препуштите на партнерот да има водечка улога во бизнисот. Ако сте вработени во фирма и имате нови соработници, бидете многу внимателни со нив и не им ги препуштајте работите.
Лав (23.07 – 22.08)
Грешките што ги правите во работата се резултат на зголемените трошоци, а не поради лошото работење. Ако сте вработени во некоја фирма, денес ќе се потрудите да најдете дополнителна работа. Оние кои имаат незавршени работни обврски ќе мора да работат деноноќно. Само на тој начин ќе можат да ги запазат роковите кои им се зададени. Ако сте слободни, може да се заинтересирате за една постара личност.
Девица (23.08 – 22.09)
Ако денес треба да решавате некои правни работи, ви претстои успех. Денес ќе бидете нервозни затоа што чувствувате дека се наоѓате во сенка на еден колега. Не си ги нарушувајте односите со колегите и не реагирајте бурно на неправдата. Овој ден добро ќе ви дојде да размислите за следните потези. Деновиве партнерските односи можат да ви бидат нарушени.
Вага (23.09 – 22.10)
Имате потреба да се изолирате од сите, па и од своите најблиски. Трката по пари толку многу ве измори што чувствувате дека не можете повеќе. Можно е некој да ви го врати долгот иако не сте очекувале. Исто така е можно и да ви пристигне помала сума од некоја дополнителна работа.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денешниот ден може да ви помине во средување на некоја документација. Кариерата ви оди по нагорна линија, но морате да внимавате и да не го заборавите изминатиот период. Само со поправање на старите грешки ќе можете вистински да напредувате. Чувствувате мало незадоволство од однесувањето на партнерот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Вашата нетрпеливост кон авторитетите ќе дојде до кулминација и може да дојде до конфликт. Искористете го овој ден за да се преиспитате и да го смените однесувањето во идниот период. Ако тоа не се случи, може да падне во вода целиот ваш труд. Партнерските односи ви се добри, но можат да бидат нарушени ако дозволите мешање од страна.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате голема желба да се докажувате пред колегите. Тој ваш став денес особено ќе ги иритира. Нема потреба да кажувате колку работите, тоа се гледа. На вашето однесување, веројатно влијае и лошата финансиска ситуација. За жал уште некое време ќе морате многу да работите а малку да заработувате. Не ви преостанува ништо друго освен да бидете трпеливи.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес очекувајте подобрување на финансиската ситуација. Но, имате проблем со старите долгови и поради тоа не можете да се опуштите. Партнерските односи ви се многу добри и овие денови ве очекуваат многу убави моменти. Ако сте слободни, ве очекува средба во едно поголемо друштво.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе се појави проблем на работното место. Ситуацијата ќе биде непријатна, но ќе морате дипломатски да се изборите со неа. Ако сте невработени, денес очекувајте добра вест. Бидете внимателни со пријателите, затоа што е можно поради непромисленост да останете без еден пријател.