Платформата TikTok е казнета со 345 милиони евра поради кршење на законите за приватност поврзани со употребата на личните податоци на децата во ЕУ, објави денеска регулаторното тело на Унијата одговорно за усогласување со прописите за заштита на приватноста.
Кинеската платформа, која се здоби со голема популарност меѓу тинејџерите ширум светот во последниве години, прекршила повеќе закони за приватност на ЕУ помеѓу 31 јули 2020 година и 31 декември истата година, соопшти регулаторот за заштита на податоците на ЕУ.

