28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе се вика првиот „Xiaomi“ на четири тркала?

Како ќе се вика првиот „Xiaomi“ на четири тркала?

На почетокот на годината можевме да видиме како ќе изгледа првиот автомобил на „Xiaomi“, а сега го знаеме неговото име.

Судејќи според најновите вести, кинескиот гигант ги надмина своите ИТ ривали кои претходно најавија влез во светот на автомобилите. „Xiaomi“ е првиот од нив кој влезе на пазарот на четири тркала, со електричен модел кој ќе се вика „Modena“.

„Xiaomi“ го објави својот план за развој на автомобили пред две години, а веќе во јануари оваа година можевме да ги видиме првите слики од новиот модел. Минатиот месец компанијата доби владин сертификат за евентуален почеток на производството.

Новиот модел го носи кодното име „MS11“, но некои медиуми дознаваат дека моделот ќе се вика „Modena“. „Car News China“ известува дека производството на првата пробна серија веќе е започнато, со брзина од 50 автомобили неделно.

„Xiaomi“ сè уште чека дозвола од кинеското Министерство за економија и информатичка технологија, а откако ќе ја добие, продажбата ќе започне многу наскоро. Се очекува да чини околу 27.400 американски долари и ќе се натпреварува со автомобили како „Tesla Model 3“ и „BYD Seal“ на кинескиот пазар.

Техничките информации се оскудни, а се споменува батерија со капацитет од 101 kWh, што би значело домет до 800 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП