1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНема да ви никне лубеница ако голтнете семка, таа добра за вашиот...

Нема да ви никне лубеница ако голтнете семка, таа добра за вашиот организам

Семките од лубеница се природен извор на манган, фосфор, калиум, протеини, есенцијални масни киселини…

Лубеницата одамна е придружена со приказната дека ако ги голтнете нејзините семки, тие можат да никнат во вашиот стомак. Денес ретко кој верува во тој мит, но многумина се прашуваат дали семките имаат некакво штетно влијание врз организмот.

„Семките од лубеницата се природен извор на манган, фосфор, калиум, протеини, фолна киселина, есенцијални масни киселини, железо и цинк. Овие различни хранливи материи, како што е манганот, помагаат мозокот и нервниот систем да функционираат правилно, додека фосфорот помага во здраво формирање на коските и го подобрува варењето“, наведува еден диететичар.

И белите и црните семки од лубеница содржат растителни влакна, а се смета дека оние што никнале даваат уште повеќе хранливи придобивки. Печените семки од лубеница наликуваат на семки од тиква и се здрава ужина.

Магнезиумот во семето игра клучна улога во производството на енергија, функцијата на нервите и одржувањето на стабилен крвен притисок. Семето содржи и масни киселини кои го намалуваат нивото на холестерол и ги намалуваат шансите за срцев или мозочен удар. Значи, резултатите се во: лубеницата е опасна само ако ви падне на ногата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП