6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ford“ го покажа најекстремниот „F-150 Raptor“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Ford“ го покажа најекстремниот „F-150 Raptor“ (ФОТО/ВИДЕО)

Американскиот производител „Ford“ го претстави новиот „F-150“, модел за 2024-та година, кој добива промени во дизајнот и нови функции.

Пикапот ќе биде достапен во различни модификации, меѓу кои ќе има и екстремен – „R“, кој ќе развива моќност од над 700 ks, соопштуваат од компанијата.

Стандардниот „Raptor“ е придвижуван од твин-турбо EcoBoost V6 мотор кој произведува 450 ks и вртежен момент од 510 Nm. R-верзијата, сепак, користи 5,2-литарски V8 со суперполнач кој се наоѓа во „Mustang Shelby GT500“. Неговите поставки се променети, а „Ford“ не ја открива точната излезна моќност.

За споредба, големиот ривал „Ram“ го нуди „TRX“, кој се придвижува од 6,2-литарски V8 со суперполнач. Моќноста во овој случај е 702 ks и 650 Nm, што значи дека „Raptor R“ сигурно ќе има повеќе коњи под хаубата.

Други промени на „F-150“ вклучуваат редизајниран преден дел со стандардни LED фарови, отстранување на опцијата V6 мотор од 3,3 литри и нова задна врата „Pro Access“ која има едноставен механизам со шарки во средината на традиционалната паѓачка врата.

Кабината на пикапот има стандардни 12-инчни екрани за возачот и централната конзола, како и опционален head-up дисплеј.

„Raptor“ добива нови амортизери со два вентили, како и поедноставен список со опции што го намалува бројот на комбинации што може да се нарачаат без да влијае на перформансите на моделот.

„Ford“ вели дека само пакетот „Raptor R“, со моќност до повеќе од 700 ks ќе чини 31.575 долари. А тоа значи дека цената на пикапот во овој случај ќе достигне 111.500 долари, а за оваа сума купувачот добива SUV со забрзување на спортски автомобил и напредно управување со патиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП